Техничката служба извршува работи во постапката на одобрување на одделни преправки и поправки во потесна секторска област во согласност со одделните технички барања утврдени во соодветните технички спецификации.
Инспекцијата се спроведува согласно Закон за возила (Сл. весник на РМ бр. 140/08 и измените), Правилник за одобрување на преправени и поправени возила (Сл. весник на РМ бр.7/10) според член 23 став (3) точка 2, член 6 точки 1, 2, 3, 4, 7, 8, 10, 14, 15 и 20 и член 7 точки 1,2, 3, 4, 5, 6, 13, 14 и 17 и Правилник за техничките барања за системите, составните делови, самостојните технички единици, опремата, димензиите и вкупните маси и осното оптоварување на возилата (Сл. весник на РМ бр, 21/10).
Услуги од одобрување на преправени и поправени возила во техничката служба
- надградено возило или возило со променета каросерија, од товарно во патничко и обратно, од отворено во затворено и обратно и слично (M, N, O, R и S категорија);
- возило на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите или конструкцијата или материјалите при што, возилото не го менува ниту видот, ниту варијантата, ниту изведбата;
- возило со преправка на постоечката кабина во однос на димензии, број на места за седење и број на места за лежење;
- возило заради утврдување на бројот на местата за седење и вкупeн број на места за патници (дополнително вградени или отстранети места за седење или променета насока на поставеност на местата за седење);
- возило со преправки во системот за кочење или системот за управување
- возило со преправки во системот за еластично потпирање;
- возило со променет погонски мотор од ист или различен вид на гориво или возило со преправен погонски мотор;
- возило со променет или преправен издувен систем;
- возило на кое се преправени или променети или дополнително вградени уредите за осветлување на патот или уредите за означување на возилото или уредите за давање светлосни знаци или контролносигналните уреди или електричната инсталација;
- возило на кое се променети тркалата или пневматиците со тркала или пневматици, кои не се одобрени;
- возило со вграден уред за погон на компримиран или течен гас (TNG и CNG);
- возило со вградени команди за управување од лице со посебни потреби;
- возило со вградени паралелни команди поради адаптирање на возилото за обука на возачи (авто-школи);
- возило со вграден уред за спојување на влечното и приклучното возило (приклучен уред-кука);
- возило со вградена дигалка, пумпа за преточување, платформа за натоварување и растоварување на превезуваниот товар, влечно витло и слично;
- возило со вграден разладен уред на товарниот дел од каросеријата;
- возило со вградени заштитни фолии или обоено стакло како заштита од сонце;
- возило со вграден систем за греење или замена на грејачите со друг тип
и слично
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- СООБРАЌАЈНА ДОЗВОЛА
- ВОЗИЛО ЗА ПРЕГЛЕД
- ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ПРЕПРАВКАТА