Нашата успешната приказна започна на 04.05.2011година кога ја отворивме првата од редот станици за технички преглед на Супер Ауто Контрол на патот од Бутел кон Мирковци. Станицата е опремена со најсовремена апаратура за испитување на техничка исправност на возила и веќе 11 години успешно работиме и опслужуваме повеќе од 15 000 возила годишно.
Приказната продолжи со отворање на втората станица за технички преглед на Супер Ауто Контрол во 2013-та година во Шуто Оризари по примерот на станицата во Бутел, со најсовремена опрема и стручен кадар која успешно работи до ден денес.
Во 2014-та година одлучивме да ја прошириме нашата дејност со техничка служба со која тимот на Супер Ауто Контрол станува поголем за неколку Машински, Сообраќајни и Електротехнички Инженери кои со своето искуство, знаење и вештини успешно се справуваат со секаков вид на преправки, атести и хомологации на секаков вид на возила. Тогаш го креиравме инспекциското тело Центар за возила САК.
Потоа, во 2015-та година се проширивме уште на една локација во Визбегово, каде веќе 7 години успешно работиме и сме во постојан раст на задоволни клиенти.
Во 2020-та година Супер Ауто Контрол освоивме нова територија и започна нова приказна на другата страна на градот. Овој пат отворивме ултра модерна станица во Јурумлери со најсовремена опрема за технички преглед на возила.
Последна од низата станици за технички преглед ја отворивме во Гази Баба во с. Брњарци на патот кон Арачиново и сега веќе броиме пет станици за технички преглед кои успешно работат и опслужуваат преку 50 000 задоволни клиенти годишно.
Во секоја од станиците за технички преглед на Супер Ауто Контрол има и референт по моторни возила од МВР кој секогаш е тука за клиентите да ја продолжат регистрацијата, да ја променат сопственоста или да добијат таблици за своите возила.
На располагање на клиентите е и експозитура на Централна Кооперативна Банка за навремено извршување на секакви уплати и исплати без гужва и чекање.
Регистрирањето на возило во Станиците за технички преглед на Супер Ауто Контрол е задоволство. Секогаш најбрзо, најквалитетно и најевтино!
Во 2022-ра година очекувајте не на нова локација поблиску до вас бидејќи затоа и постоиме.