Меѓународни договори за возачки дозволи
Договори за возачки дозволиРеципрочно признавање и замена на возачки дозволи
Врз основа на потпишан билатерален договор:1.    Република Албанија
2.    Босна и Херцеговина
3.    СР Германија
4.    Република Италија
5.    Република Косово
6.    Република Србија
7.    Црна Гора

8.    Кралство Шпанија

Согласно потпишаниот договор, на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на горенаведените држави не им е потребна меѓународна возачка дозвола.
Носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на горенаведените држави, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола.

Врз основа на национално законодавство и Виенска конвенција за патен сообраќај (1968):
1.    Чешка Република (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Чешка возачка дозвола. Во Чешка Република на носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
2.    Република Бугарија (Ја признава македонската национална возачка дозвола и врши нејзина замена со бугарска возачка дозвола на лица со пријавен постојан престој во Република Бугарија. За секој друг вид престој на носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.
3.    Република Хрватска (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со хрватска возачка дозвола. Во Република Хрватска  носители на македонска возачка дозвола кои престојуваат на нејзината територија можат да управуваат моторно возило без меѓународна возачка дозвола до 1 година од датумот на влез во Република Хрватска).
4.    Република Словенија (Република Северна Македонија и Република Словенија се договорни страни на Конвенцијата за копнен сообраќај склучена во Виена на 8 ноември 1968 година. Согласно член 41 Договорните Страни ги признаваат за валидни сите домашни возачки дозволи кои се во согласност со оваа Конвенција за возење на нивните територии на возило кое што спаѓа во категориите покриени со дозволата, под услов дозволата се уште да е валидна и да е издадена од друга Договорна Страна. Според Министерството за инфраструктура на Република Словенија, која е надлежен орган за возачи и возачки дозволи, нема потреба од дополнителен Договор за заемно признавање на возачките дозволи).
5.    Романија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Романска возачка дозвола. Во Романија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
6.    Унгарија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Македонија и врши нејзина замена со Унгарска возачка дозвола. Во Унгарија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
7.    Кралство Белгија (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Белгиска возачка дозвола. Во Белгија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).
8.    Република Австрија (само Б категорија) – (Ја признава националната возачка дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со Австриска возачка дозвола. Во Република Австрија на носители на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на нејзината територија не им е потребна меѓународна возачка дозвола).

9. Република Полска (Jа признава националната дозвола издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија и врши нејзина замена со полска возачка дозвола, при што замената на возачките дозволи помеѓу двете држави се врши врз основа на националното законодавство и Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година).

Билатерални договори во тек:
1.   Кралството Данска

2.   Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
3.   Провинција Онтарио, Канада
4.   Државата Катар
5.   Обединети Арапски Емирати

Комонвелтот на Австралија – Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка.

Грција – Не врши замена на странска возачка дозвола со грчка и за носителите на македонска возачка дозвола потребна им е меѓународна возачка дозвола.