Постапката започнува со царина на возилото. Откако ќе се плати царина, возилото доаѓа во некоја од нашите станици за да се започне постапка на Хомологација или Идентификација и оцена доколку има COC.
За започнување на постапката за хомологација потребни документи се:
-Доказ за платена царина
-Странската сообраќајна дозвола
– Купопродажен договор, фактура или изјава за вредност на стока
– лична карта
– и возилото за преглед
Времетраењето на оваа постапка зависи од тоа дали е хомологација или идентификација.
Доколку е идентификација ( возилото има COC или е типски одобрено) Согласноста за регистрација се добива истиот ден.
Цената исто така зависи од тоа која постапка ке се спроведе и од видот на возилото.