По истекот на регистрацијата возилото не смеете да го возите воопшто. Внимавајте на датумот за регистрација и регистрирајте го вашето возило пред истекот на регистрацијата.
Да, можете. Возилото можете да го регистрирате 30 дена порано од датумот за регистрација.
Важноста на новата регистрација ќе биде од датумот за регистрација. До тогаш ви важи старата регистрација.
Може да го регистрирате вашето возило на рати, засега само со кредитните картички на Халк банка и Дајнерс.